Проблем со мемориски картички на возачи
13 January, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Асоцијација Макам-транс во неколку наврати досега реагираше до Министерство за транспорт и врски за ненавремено издавање на мемориски картици на возачи согласно законските прописи од страна на овластеното правно лице Америт, меѓутоа проблемот и понатаму се провлекува и не се запазуваат со закон пропишаните рокови за издавање на мемориска картица по разни основи.
Во изминатиот период се повеќе пристигнуваат реакции од сите вас за доцнење со издавање на мемориските картици повеќе од два месеци. Во текот на утрешниот ден ќе биде испратен допис со реакција до Министерство за транспорт и врски кое е надлежен орган за надзор над работата на овластеното лице, а како прилог на тој допис ќе биде доставен список на возачи кои имаат поднесено за картица и чекаат за изработка на истата. Ве молиме секој кој има поднесено барање за изработка на мемориска картица за истото да не информира на мејл info@makamtrans.org.mk или да ни испрати податоци на телефон 078 392 020, испратете ни го ливчето со приемен штембил каде стои дата на поднесено барање и број на предмет, и наведете име и презиме на возачите за кои имате поднесено за мемориска картица.
Ваш Макам-транс