Одржана презентација на студенти од Руската Царинска Академија
27 June, 2019
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Во рамките на соработката помеѓу Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Руската Царинска Академија од Москва, во периодот од 17 до 28 јуни 2019 студенти од Руската Царинска Академија ја реализираат својата практична работа по царинско и шпедитерско работење што е организирана од Факултетот за туризам и угостителство во соработка со Царинската Управа.
На 26.06.2019 година на покана од страна на Факултетот за туризам и угостителство управителот на техничка служба на Асоцијација Макам-транс, Валерија Темелкова одржа презентација на тема патниот сообраќај во нашата држава.
Со ова Асоцијацијата ја продолжува соработката со ФТУ, а ќе значи и можност за почеток за соработка со Руската Царинска Академија.
Ваш Макам-транс