06 June, 2019
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Од националниот координативен центар за гранично управување добивме информација дека избувнал пожар во административната зграда на граничниот премин Златарево на бугарската страна од границата со Северна Македонија, кај Ново Село. Координативниот центар информира да ги користите останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.
За дополнителни информации навремено ќе ве информираме.
Ваш Макам-транс