Усвоени предлог мерки во програмата на Вмро-Дпмне
Почитувани членки,
Во контекс на соработката која „Макам-транс„ ја воспостави во период 2006 – 2014 со преставници на државните институции, а кои се дел од владеачката коалиција Ви ги даваме предлозите кои ГИ ДОСТАВИВМЕ , а се усвоени како дел од Програмата на ВМРО ДПМНЕ односно ќе преставуваат основа на програмата за работа на Влада на Р.Македонија , по 27.04.2014 година доколку ние како гласачко тело се изјасниме за континуитет во работата на досегашната коалиција .
Усвоените предлози наведени се во делот на ПРОГРАМАТА под наслов : ПОЛИТИКА И МЕРКИ ЗА ПО ЕФИКАСЕН ТРАНСПОРТ
56. Проект : изградба на логистички центри на граничните премини и на влезови на поголемите градови на Р.Македонија преку јавно приватно партнерство(2015-2017)
63. Проект : Воспоставување на билетерални односи во областа на превоз со државите Казакстан, Киргистан, Азербеџан, Грузија и Ерменија со потпишување билатерални спогодби за услови за вршење превоз во патниот сообраќај (2014-2017)
64. Проект : Донесување на закон и одредување на тeхнички тела за преглед на возила со посебен режим на ладење или одржување на температура во возилата со издавање, односно заверка на македонска верзија на АТП – сертификат,Хасап или Халал сертификат за возила ( 2014-2015 година)
65. Проект : Пишани процедури за вршење на инспекциски надзор од страна на УЈП на потрошувачка на гориво за целите на ДДВ (2014 година)
69. Проект : Донесување акт или уредба за пресметка на изедначени дневници за превозните трговски друштва (2014 година).
Проектите заведени под број 65 и 69 како нај актуелни и неопходни за нормално извршување на дејноста ПРЕВОЗ со економски ефект дефинирани се со најголем приоритет и нивно донесување во тековната 2014 година.
Ваш Макам-транс