Skip to main content Skip to footer

Започна шестата обука референт за логистика

Почитувани членки,

Во текот на вчерашниот ден се одржа воведниот час со новата група од обуката за референт за логистика која ќе се одвива онлајн во период од 3 месеци на ZOOM платформата, со што се создава поголема флексибилност во следење на истата.

Обучувач е г-ѓа Муратовска која вчера ги воведе кандидатите со она што ќе се сретнат во наредниот период колку што е времетраењето на обуката.

Дел од програмата за следење на обуката за добивање на сертификатот за референт логистичар е запознавање и учење од теоретски, но и од практичен аспект за превозот на стока во патниот сообраќај, поврзување на законската материја со работните обврски во превозно трговско друштво.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност