Започна пријавувањето за обука за добивање Сертификат за професионална компетентност на возач (СПК)
Почитувани членки,
Ве информираме дека во тек е пријавувањето за обука за добивање на Сертификат за професионална компетентност на возач (СПК).
📅 Датум на испит: 31.08.2026 година
⏳ Краен рок за пријавување: 27.08.2026 година
Искористете ја можноста за најевтината обука, по цена од 5.600 денари во Асоцијација Превозник Скопје и навреме обезбедете го сертификатот кој е неопходен за професионално вршење на дејноста.
Напомена: Се ближи периодот за аплицирање за ЕКМТ дозволи, а еден од важните критериуми при аплицирањето е превозникот да располага со возачи кои поседуваат валидни сертификати за професионална компетентност. Затоа, искористете ги последните термини за стекнување или обновување на СПК, за навреме да ги исполните условите.
За пријавување потребно е да ни доставите:
- Лична карта;
- Возачка дозвола;
- Татково име на кандидатот;
- Телефон за контакт;
Не го пропуштајте рокот за пријава!
Пријавете се навреме и обезбедете го вашето место за обука и испит.
За дополнителни информации и пријавување:
📞 070 695 216, 072 312 001, 072 312 101, 078 399 019 и 077 817 463
📧 info@makamtrans.org.mk
Ваш Макам-транс