Skip to main content Skip to footer

Задолжителна подготовка за користење на електронскиот систем за ЕКМТ дозволи

Почитувани членки,

Како што досега неколку пати Ве информиравме новиот ECMT digital system (EDS) официјално стапува во целосна функција на 1 јануари 2026 година. Новото ЕКМТ упатство (ECMT Multilateral Quota: User Guide 2026) е веќе донесено, нема да биде укинато, ниту ќе се одложи неговата примена, поради што секој превозник корисник на ЕКМТ дозволи е должен навреме да се подготви.

Како Асоцијација, со цел да ви ја олесниме транзицијата, подготвивме детално упатство за користење на системот на македонски јазик.

Упатството е достапно на нашата веб страна во делот Меѓународни прописи -> ЕКМТ/ЦЕМТ резолуција -> Упатство за примена на новиот ЕКМТ дигитален систем.

Дополнително, ви препорачуваме задолжително да се запознаете со функционирањето на новиот систем преку тест-околина, за навреме да ги совладате сите процедури и да избегнете било какви проблеми по започнување со работа на системот.

По целосното запознавање со системот и преглед на упатството, до крајот на оваа година може да организираме заеднички консултации.

Ви препорачуваме СЕРИОЗНО и ОДГОВОРНО да пристапите кон новите промени како не би се соочиле со проблеми од 01.01.2026 година.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност