Skip to main content Skip to footer

Важно соопштение – протест 14.09.2026 година

Почитувани,

Ве информираме дека по остварена средба со претставници на дел од државите членки на Шенген Зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениот ПРОТЕСТ на 14.09.2026 година со затворање на граничните премини кон државите на Европска Унија (ЕУ).

На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година.

Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период.

Ваш Макам- транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност