Skip to main content Skip to footer

Утре 19.12.2025 – последен ден за пријава на испит за СПК на возач на 22.12.2025 година

Почитувани членки,

Ве потсетуваме дека утре – 19.12.2025 година е последен ден за пријавување на испит за стекнување со сертификат за професионална компетентност (СПК) на возач на 22.12.2025 година.

Потребни документи кои треба да ни ги доставите се лична карта и возачка дозвола за возачот, податок за татково име и телефон за контакт утре најдоцна до 13 часот, како би можело пријавата да биде прифатена и возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.

Информирајте се и искористете ја можноста што ви ја дава Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи.

Контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност