Турција – протести на граничните премини Kapıkule и Hamzabeyli
Почитувани членки,
Ве информираме дека турските превозници започнаа протести откако бугарските власти вратија околу 150 турски професионални возачи назад во Турција, поради надминување на дозволениот престој од 90 дена во рамките на период од 180 дена во Шенген зоната.
Состојба на граничните премини – 28 октомври 2026 година:
🔴 Kapıkule (Турција – Бугарија) - затворен поради протести. На бугарска страна, на граничниот премин Капитан Андреево, се одвиваат и градежни работи кои влијаат на сообраќајот.
🔴 Hamzabeyli (Турција – Бугарија) - затворен поради протести. Од вчера 27 октомври воведен е електронски систем за редици за товарни моторни возила (ТМВ); следниот достапен термин за закажување е сабота, 31 октомври.
🔴 Ipsala (Турција – Грција) - oтворен во моментот на оваа објава, но предвидено е затворање денес во 17:00 часот.
Навремено информирајте се и проверете ја состојбата на граничните премини за да не се соочите со застои по патиштата.
Извор: UNTRR
Напомена: Овие протести не се најавени и не се во организација од некого, не е предвидено до кога и колку ќе трае бидејќи протестот е спроведен самоиницијативно од страна на возачите на граничните премини.
Ваш Макам-транс