Skip to main content Skip to footer

ТИР преглед – потребни документи

Почитувани членки,

Ве информираме дека наредниот преглед на возилата за добивање на ТИР сертификат ќе се одржи на 11.05.2026 година (понеделник) на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.

Изработката на целосната документација која е дел од нашите услуги може да ја направите во канцеларијата на Aсоцијација Макам-транс во Скопје.

Потребни документи кои треба да ги испратите кај нас за изработка на Барање за издавање на Уверение и Образец-Уверение за одобрување се копија од сообраќајната дозвола и фотографии од возилото (2+2) со димензии од 13см X 18см (доколку е цистерна дополнително две слики од поклопецот со вентилите).

Дополнителни документи покрај барањето за издавање на уверение и образец-уверение за одобрување кои се поднесуваат во Царинска управа се:

– копија од лиценца за вршење на меѓународен превоз издадена од Министерство за транспорт и

– уплатница на износ од 350 денари;

– за возилата кои превезуваат опасни материи:

– Одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај издадено од Министерство за транспорт;

– за цистерни АДР уверението;

– за ладилници АТП сертификат;

– за комбиња и лесно доставни (пик-ап) возила – атест.

Деталниот физички преглед на возилата се одвива секој 1-ви, 10-ти и 20-ти во месецот во 09:30 часот на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.

Документите за изработка на потребната документација од наша страна може да ја испратите на нашиот мејл – info@makamtrans.org.mk како и да не контактирате на телефонските броеви: 078 399 019, 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001 за постапката за изработка и подигнување на истите.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност