Состанок на македонската и хрватската царина во Загреб за заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата
Почитувани членки,
Денес Делегација од Асоцијација Макам-транс (Сања Милошевска и Марјан Урумов) се дел од делегацијата на Царинска управа на средбата со хрватската царина на која креираа заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите.
На средбата двете делегации дискутираа за предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата, како и за можностите за нивно надминување преку поедноставување на царинските процедури, намалување на административниот товар за превозниците и времето на чекање на границите, имплементација на современи решенија и понатамошна дигитализација на процесите, како и за можностите за приоритетен третман за доверливи економски оператори.
На нашата веб страна во делот Галерии -> Останати галерии може да го погледнете албумот со слики од денешната средба.
Ваш Макам-транс