Следен термин за испит за стекнување на СПК за возачи – 31.08.2026 година
Почитувани членки,
Ве известуваме дека 27.08.2026 година е последен ден за пријавување за испитот за стекнување на Сертификат за професионална компетентност (СПК) на возач, кој ќе се одржи на 31.08.2026 година.
🚛Искористете ја можноста преку Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионални возачи – 5.600 денари!
📄 За пријавување потребни се:
• Лична карта;
• Возачка дозвола;
• Податок за татково име;
• Телефонски број за контакт.
📍 Место на одржување на испитот:
Градежен факултет – Скопје
📞 За повеќе информации и пријавување, контактирајте нè на:
070 695 216
072 312 001
072 312 101
078 399 019
077 817 463
📧 Е-пошта: info@makamtrans.org.mk
⏰ Не го пропуштајте рокот – пријавете ги Вашите возачи најдоцна до 27.08.2026 година!
Ваш Макам-транс