Проверка на важноста на сертификат за возач во база на превозници
Почитувани членки,
Како еден од условите при обнова на лиценца за вршење јавен превоз на стока во меѓународен патен сообраќај, како и при аплицирање за меѓународни дозволи за превоз на стока, потребно е превозникот да има сразмерен број на товарни моторни возила (ТМВ) и редовно вработени возачи со важечки сертификат за професионална компетентност – СПК на возач.
Ве препорачуваме навремено да направите проверка на податоците во Картон на друштвото, кој е дел од базата на превозници www.pristappgoods.mtc.gov.mk во Министерство за транспорт.
Проверете ги следните податоци за возачите:
- име и презиме,
- ЕМБГ,
- број и важност на СПК на возач.
Доколку вашите возачи немаат важечки сертификат за возач (СПК) или потребно е продолжување на важноста, ве информираме дека следниот термин за полагање е:
📅 29 јуни 2026 година
📝 Краен рок за пријавување: 26.06.2026
Искористете ја можноста што ја нудат Асоцијација Макам-транс и Асоцијација Превозник за поевтина обука за професионални возачи.
За пријава потребно е да доставите:
📌 лична карта,
📌 возачка дозвола,
📌 татково име,
📌 контакт телефон.
Документите испратете ги на: info@makamtrans.org.mk
☎️ Контакт телефони: 070 695 216, 072 312 001, 072 312 101, 078 399 019 и 077 817 463.
Ваш Макам-транс