Протест – пропуштање на одреден вид на стока
Почитувани членки,
Ве информираме согласно организираниот протест кој се одвива со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од Македонија до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната доколку одредени превозници превезуваат стока која може да се пропушти како лекови, жива стока и муниција и/или експлозив потребно е да ја пратат целосната документација на нашиот мејл info@makamtrans.org.mk за да може да се провери и во согласност со координативните лица по региони на граничните премини да се дозволи возилата да бидат пропуштени.
Ваш Макам-транс