Промена во термин за полагање за испит за СПК за возач - 19.11.2025 година
Почитувани членки,
Согласно известување од Министерство за транспорт, Ве информираме дека има промена во датумот за испит за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, наместо претходно закажаниот термин на 24.11.2025 година терминот во ноември за испит ќе биде на:
- 19.11.2025 година – најдоцна пријавување до утре, 14.11.2025 година
Потребни документи кои треба да ни ги доставите се лична карта и возачка дозвола за возачот, податок за татково име и телефон за контакт, како би можело пријавата да биде прифатена и возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.
Информирајте се и искористете ја можноста што ви ја дава Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи.
Контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.
Ваш Макам-транс