Пријави мито и корупција
Почитувани членки,
На нашата веб страна www.makamtrans.org.mk - преку апликацијата пријави мито и корупција секој корисник анонимно може да пријави доколку се соочи со незаконско дејствие на гранични премини и транспортни коридори во државата и надвор од нејзините граници.
Асоцијација Макам-транс изминатата година покрај на македонски јазик ја надополни апликацијата на неколку јазици (албански, англиски, српски и хрватски јазик) со цел користење и од превозниците од регионот.
Од голема важност за правилно извршување на своите работни активности и непречено одвивање на работниот процес – вршење на превоз на стока е преку почитување на законските прописи.
Ве охрабруваме за пријавување на сите незаконски дејствија од страна на надлежните органи.
Ваш Макам-транс