Skip to main content Skip to footer

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2025

Почитувани членки,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за економија и труд и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Наградата ќе се додели во три категории:

- мали компании (до 50 вработени)

- средни компании (до 250 вработени) и

- големи компании (над 250 вработени)

Оценувањето ќе биде извршено од страна на независни комисии составени од експерти во областа, стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот.

Барањето за апликација може да го превземете со кликнување ТУКА.

Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: jasmina.chaloska@mf.edu.mk и lence.kocevska@economy.gov.mk.

Крајниот рок за пријавување на компаниите е 30 мај 2025 година.

Компаниите се охрабруваат да достават и конкретен пример на добра пракса во областа на БЗР имплементиран во рамки на компанијата во текот на оваа или на изминатите 2 години (2023-2024) – согласно точката 21 од Барањето за аплицирање. Ве информираме дека позитивните примери на добра пракса ќе бидат дополнително разгледувани и бодувани при евалуацијата, т.е. оценувањето на пријавените компании, а најдобриот пример ќе биде награден.

Планирано е свеченото доделување на годишните награди да се одржи во рамки на одбележувањето на „Европската недела за безбедност и здравје при работа“, во октомври оваа година.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност