Потсетување – примена на ICS2 во Европска унија
Почитувани членки,
Ве потсетуваме дека примената на ICS2 (ENS декларација), која првично беше планирана да започне на 01.09.2025 година, меѓутоа беше пролонгирана во повеќето европски држави согласно објава на веб страната на Европска унија на 29.08.2025 година (https://shorturl.at/Ov263), останува како обврска од 01.01.2026 во одредени држави, додека за некои држави пролонгирањето е до 01.06.2026 година.
Согласно одлуката за пролонгирање на Европска комисија, обврската за користење на ICS2 започнува како што следува:
Од 01.01.2026 година, ICS2 станува задолжителен во следните држави: Шпанија, Франција, Финска, Грција, Унгарија, Бугарија, Ирска, Италија и Литванија.
Од 01.06.2026 година, ICS2 станува задолжителен во следните држави: Латвија, Полска, Романија, Словачка и Хрватска.
До наведените рокови, во земјите за кои важи пролонграњето, ќе биде дозволено користење на постојните системи согласно националните царински правила.
Ваш Макам-транс