Skip to main content Skip to footer

Постапка за уплата на административна такса за ЕКМТ дозволи за 2026 година

Почитувани членки,

Ве информираме дека со воведување на новиот електронски систем ECMT digital system (EDS) кој започнува со примена од 01.01.2026 година, хартиената форма на ЕКМТ дозволите и патниот дневник не се повеќе во употреба, што значи дека нема физичко подигнување на истите.

Секој превозник врз основа на објавената конечна листа за распределба на ЕКМТ дозволи со важност за 2026 година, до министерството за транспорт најкасно до 18.12.2025 година доставува допис / барање за евидентирање на ЕКМТ дозволи заедно со приложени:

- оригинал заверени уплатници како доказ за платена административна такса,

- испринтана листа од конечната распределба на ЕКМТ дозволи за 2026 година и

- корисничко име (мејл адреса) со кое се најавуваат во електронскиот систем https://eds.itf-oecd.org/ за следење и евиденција на ЕКМТ превозите во 2026 година.

Административна такса по ЕКМТ дозвола е износ од 6.000,00 денари.

По поднесена уплатница за платена административна такса, од страна на одговорно лице во Министерство за транспорт во ECMT digital system (EDS) ќе Ви бидат внесени добиените годишни ЕКМТ дозволи со важност за 2026 година.

Како Асоцијација со цел да ви ја олесниме транзицијата од хартиена форма на ЕКМТ дозволите и патниот дневник со електронско следење и евиденција на превози, подготвивме детално упатство за користење на системот на македонски јазик.

Упатството е достапно на нашата веб страна во делот Меѓународни прописи -> ЕКМТ/ЦЕМТ резолуција -> Упатство за примена на новиот ЕКМТ дигитален систем.

Напомена:

ЕКМТ дозволи од 2025 година најдоцна до 31.01.2026 година без патниот дневник се враќаат во Министерство за транспорт, а патниот дневник се чува уште 12 месеци од последниот ден на користење на ЕКМТ дозвола.

Заклучно со 20.01.2026 година во министерството за транспорт се доставува последниот извештај за користење на ЕКМТ дозволи кои се користени во декември 2025 година.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност