Последен термин за испит на возачи пред апликација за годишни ЕКМТ дозволи
Почитувани членки,
Следниот термин за стекнување на Сертификат за професионална компетентност (СПК) на возач е на 05.10.2026 година (понеделник), најдоцна пријавување до 02.10.2026 година (петок).
Овој испит претставува последна можност за возачите кои имаат потреба од обновување или стекнување со нов СПК пред претстојната апликација за годишните ЕКМТ дозволи која е од 13 до 15 октомври 2026 година.
Поради кратките рокови, Ви препорачуваме навремено да проверите дали вработени возачи имаат валиден СПК за возач за време на апликацијата. Проверката на податоци за возачите се прави во картонот на вашето друштво преку електронскиот систем на Министерството за транспорт pristappgoods.mtc.gov.mk
📌 Испит: 05.10.2026 (понеделник)
📌 Краен рок за пријавување: 02.10.2026 (петок)
📞 За повеќе информации и пријавување, контактирајте нè на:
070 695 216, 072 312 001, 072 312 101, 078 399 019 и 077 817 463
📧 Е-пошта: info@makamtrans.org.mk
Ваш Макам-транс