Skip to main content Skip to footer

Покана за традиционална средба на превозници 2025 година

Почитувани членки,

На 23 септември (вторник) со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи традиционалната средба на превозници во ресторан Потковица, Хиподром Скопје.

Настанот е предвиден како манифестација од повеќе активности, но основната цел на самиот настан е:

- Апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2026 година и

- Информација за најавеното воведување на електронско евидентирање на превозите кои се извршуваат со ЕКМТ дозволи која обврска официјално ќе започне од 01.01.2026 година.

Традиционално ќе има мини саем на кој пред Вас ќе се претстават нашите ВИП членки и соработници презентирајќи ги своите услуги и производи кои се неопходни за вршење на дејноста.

Ќе ни биде особена чест да бидете дел од овогодинешниот настан кој ќе го заокружиме со дружење и коктел забава.

За учество на настанот утврдена е котизација од 2.200 денари по учесник. 

Ве молиме најдоцна до 15 септември пријавете се на мејл info@makamtrans.org.mk или на телефоните 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001, 078 399 019 и 077 817 463.

Детали за агендата ќе добиете дополнително.

Ви стоиме на располагање за проверка на податоците внесени во личниот картон на секој превозник поодделно како основ за пресметки на бодови за учество во распределбата.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност