Покана за настан од нашата ВИП членка М Брокер „Штети кај транспортните компании – се што треба да знаете“
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка М Брокер ни сподели покана за настан „Штети кај транспортните компании – се што треба да знаете“ која ви ја споделуваме во целост:
„Почитувани членки на Асоцијација Макам-транс,
М БРОКЕР Како вип членка на Асоцијација Макам-транс ве поканува на еден едукативен но пред се КОРИСЕН и со вистинска вредност настан за вмрежување каде што предмет за отворена дискусија ќе бидат ШТЕТИ кои произлегуваат од класите на осигурување кои ги засегаат транспортерите.
- ЦМР Штети,
- Штети по основ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ,
- Штети по основ Зелен Картон,
- Карго штети,
- Нематеријални штети (по основ незгода и обештетување по основ патничко осигурување),
- Модул БОНУС-МАЛУС.
Повелете заедно со нашиот партнер - соработник едно од најреномираните адвокатски друштва експерти во областа оштетни побарувања, „Адвокатско Друштво Мицев" од Скопје подетално да проанализираме реални случаи од пракса и реални ситуации.
Ова е уникатна можност да добиете комплетно бесплатно советување од експерти и можност да ги поставите сите ваши прашања и недоумици кога станува збор за наплата на штети од страна на осигурителните компании.
Дозволете да ви покажеме:
- Дека ИНФОРМИРАНОСТА ВЕ ШТИТИ,
- Која е полната вредност на обештетување по основ на полисата за осигурување,
- Заеднички да продискутираме кои се најправилните чекори кога ќе настане штетен случај,
- Кои се вашите права?
- Како да ја побарате вашата полиса за осигурување за да имате што помалку несакани "изненадувања во иднина"?
- Како се определува висината на штетата?
- Кои се најголемите грешки при пријава на штета?
Ве чекаме во среда на 01.04.2026 година од 14:00 - 15:30 часот во Културниот Информативен Центар на Република Бугарија во Скопје, во близина на хотел „Солун" во центарот на Скопје.
Ве молам пратете потврден одговор на линкот подолу, како би можеле да го верифицираме вашето присуство.
https://forms.gle/XRs8havn3UD1uCyW7
Со почит“
Ваш Макам-транс