Онлајн обуки за електронско пополнување на ЕКМТ дневник
Почитувани,
На покана од Министерство за транспорт, Ве информираме дека на 09 и 24 септември 2025 година во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на тема електронско пополнување на ЕКМТ дневник, ќе има онлајн обука на платформата Teams.
Обуката ќе биде на англиски јазик, и секој од Вас кој е корисник на годишни и/или месечни ЕКМТ дозволи треба да се најави со цел навремено да се запознае со новиот систем (ECMT Digital System) што значи електронско пополнување на извршени превози во електронски ЕКМТ дневник, и целосно укинување од употреба на дневниците во хартиена форма од 01.01.2026 година.
Линк за најава дополнително ќе биде објавен на нашата веб страна на денот на обуката.
Ваш Макам-транс