Онлајн обуки за електронско пополнување на ЕКМТ дневник – 17.03 и 18.03.2026 година
Почитувани,
На покана од Министерство за транспорт, Ве информираме дека на 17 и 18 февруари 2026 година во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на тема електронско пополнување на ЕКМТ дневник, ќе има онлајн обука на платформата Teams.
Секој од Вас кој е корисник на ЕКМТ дозволи задолжително треба да се најави со цел преку активно учество да се информира и/или постави прашања за проблеми со кои се соочил при користење на новиот систем (ECMT Digital System) што значи електронско пополнување на извршени превози во електронски ЕКМТ дневник.
Ви напоменуваме дека овие две најавени обуки се последни обуки за користење на електронскиот ЕКМТ систем, со завршување на месец Март завршува и предвидениот период за толеранција и адаптација за користење на системот.
Линк за најава за обука на 17.03.2026 година
Meeting ID: 352 969 169 147 31
Passcode: Vc25yh75
Линк за најава за обука на 18.03.2026 година
Meeting ID: 380 063 254 931 22
Passcode: XY2zq2Dj
Ваш Макам-транс