Одржан состанок на техничка работна група и Европска комисија - 90 /180 дена
Почитувани членки,
Вчера 04.08.2026 година се одржа состанок на техничка работна група и Европска комисија во врска со дозволени денови за престој на возачите 90/180 во Шенген Зоната.
На состанокот покрај Европска комисија и претставници од земјите на Шенген зона, присуствуваа и претставници од земјите од Западен балкан како и претставник на Асоцијациите за превоз на стока од Западен балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), каде што поради долгиот процес за воведување на визи за професионални возачи, во периодот до имплементација на истите се побара престојот на возачите во Шенген Зоната да не се пресметува во денови туку да се пресметува во часови на реален престој.
Ве информираме дека во изминатиов период согласно информација од Ваши колеги во одредени држави од Шенген Зона се врши контрола на дозволени денови за престој на возачите. Секој од Вас треба да има евиденција (согласно тахографска картица, налози за утовар, ГПС во возило) за денови престој во Шенген Зона (наназад 180 дена) пред да планирате одредена превозна операција, за да не се соочите со застој или изрекување на забрана за престој во Шенген зона.
Ваш Макам-транс