Одржан состанок со превозници – најава за протест 31.08.2026 година
Почитувани,
На 21.08.2026 година се одржа состанок на превозници на кој се разговараше за проблемот на професионалните возачи 90/180 денови престој во Шенген Зоната, на кој се потврди одржување на двочасовен протест и тоа:
- 31.08.2026 година протест пред седиштето на Делегација на Европската Унија во Скопје, со минимум 20 возила и присуство на голем број физички лица од сите градови на државата (сопственици, возачи и други вработени) – ваков протест ќе има во сите четири држави (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија) во временски период од 12:00 до 14:00 часот.
Овој протест е пред одржување на состанок во Брисел на Работната група кој треба да се одржи на 01.09.2026 година.
Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во Шенген Зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14.09.2026 година. За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во Јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена.
Во оваа фаза асоцијациите од четирите држави собираат согласност од превозниците за организација на протестот како предупредување на Европска Унија, која во изминатите седум месеци не покажа добра волја за надминување на проблемот иако во визната стратегија се признаа возачите како професионалци кои вршат дејност. Ќе се побара согласност од надлежните органи и дефинирање на стоки кои ќе се пропуштаат, а се од интерес на државата и целокупното население (нафта и нафтени деривати, јаглен, потребни орудија и препарати за општините и јавните претпријатија, муниција и др.)
За оваа цел е пратена анкета како би се утврдила согласноста од поголем број на превозници (70%) во државата или одбивање на предложениот протест доколку генерално нема согласност од Вас превозниците.
Ваш Макам-транс