Одржан протест на превозници 31.08.2026 година - галерија со слики
Почитувани,
Благодарност до сите возачи, превозници и соработници кои учествуваа на протестот за проблемот и предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи – дозволени денови за престој во Шенген зоната 90/180.
За време на протестот во 13:00 часот повторно беше доставен допис со барања и реакција до институциите на Европска унија за изнаоѓање на решение со кое ќе им се овозможи на професионалните возачи да продолжат со својата работа и ќе обезбедат непречен тек на економската соработка меѓу земјите на Западен Балкан и Европската унија.
На нашата веб страна во делот Галерии -> Останати галерии -> Протест на македонските превозници за Entry/Exit System (EES) – 31.08.2026 година може да го погледнете албумот со слики и видеа од одржаниот двочасовен протест пред седиштето на Делегација на Европската унија во Скопје.
Ваш Макам-транс