Нов режим за проток на возила на граничен премин Богородица
Почитувани членки,
Ве известуваме дека од страна на одговорните лица на граничниот премин Богородица добивме информација за воведување на пробен период со нов режим на движење на возилата за влез во државата, кој ќе започне на 22.04.2025 година (вторник).
Според новиот режим, пограничната полиција уште од меѓузоната ќе воспостави две колони:
Прва колона: за цистерни и ладилници.
Втора колона: за сите останати возила.
Возилата ќе ги користат посебно двете ваги. Доколку во едната колона има помал број возила, полицијата ќе пропушти одреден број возила од колоната со поголем број.
Доколку пробниот период ги даде посакуваните резултати во намалување на застојот при влез во државата, на самиот премин официјално ќе бидат поставени сообраќајни знаци кои во иднина сите возачи ќе мора да ги почитуваат.
Ве молиме да ги предупредите возачите да го почитуваат новиот режим на движење. Сите оние кои имаат навика да ги напуштаат возилата додека се во колона ќе бидат казнувани со парична казна. Во изминатиот период тие беа опоменувани, но по овој период ќе се изрекуваат казни. Ова важи и за неправилно паркирање кое го попречува движењето на другите возила во колоните на граничниот премин.
Почитувањето на правилата е во интерес на сите кои го користат овој најфреквентен граничен премин.
Ваш Макам-транс