Skip to main content Skip to footer

М Брокер – бесплатна обука за HR менаџери

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка М Брокер ни сподели информација која се однесува за покана на бесплатна обука за HR менаџери (менаџери за човечки ресурси) и сопственици на компании.

„Покана за обука

М Брокер, осигурителен брокер со повеќегодишно искуство и истакната експертиза во корпоративното осигурување ве поканува на

БЕСПЛАТНА ОБУКА за сите HR Менаџери и сопственици на компании, за многу актуелни осигурителни продукти, значајни за вработените и работодавачите.

  • Колективно Приватно Здравствено Осигурување
  • Колективно Осигурување од несреќен случај - незгода

Искористете ја нашата стручност и долгогодишно искуство во осигурителниот домен за:

  1. Да откриете заедно со нас, зошто осигурителните компании ги одбиваат барањата за рефундација на вашите вработени ?
  2. Детално да ги разгледаме сите причини за незадоволство што се јавиле кај корисниците на осигурувањето, дали се оправдани или неоправдани?
  3. Што недостига во вашата полиса за осигурување?
  4. Дали сте во тек со актуелностите од осигурителниот пазар во доменот на овие две класи на осигурување?
  5. Кои се вашите најголемите придобивки од приватното здравствено осигурување и колективното осигурување од незгода?
  6. Како да ги максимизирате позитивните искуства, односно како да добиете вистинска Value for the Money
  7. Советување за користење на терминологија при пријавување на штети
  8. Административно олеснување за компанијата
  9. Кои се бенефициите за обезбедување на понуди за осигурување преку брокер

Придружете ни се на опуштена дружба и отворена и непосредна комуникација, ние може да ви ветиме

  • Стручни совети
  • Одговор на сите ваши прашања
  • Доедукација и збогатување на вашето знаење

Ве чекаме во среда на 11.03.2026 од 13:00-14:00 h во Културниот Информативен Центар на Република Бугарија во Скопје, во близина на хотел "Солун" во центарот на Скопје.

Ве молам пратете потврден одговор на линкот подоле, како би можеле да го верифицираме вашето присуство.

https://shorturl.at/eIwqb

Ве охрабруваме да дојдете во проширен состав, заедно со колегите од вашиот тим.

Тимот на М Брокер“

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност