Skip to main content Skip to footer

Известување за внесување на годишни дозволи во ЕКМТ дигитален систем

Почитувани членки,

Ги информираме сите корисници на ЕКМТ дозволи дека започна внесувањето на годишните ЕКМТ дозволи за 2026 година во официјалниот ЕКМТ дигитален систем (EDS), согласно конечната распределба.

Потребно е секој превозник да се најави на следниот линк: https://eds.itf-oecd.org со мејлот со кој сте регистрирани.

По најавувањето, во делот Дозволи/Licences -> Годишно/Annual -> Пребарај/Search, за секоја ЕКМТ дозвола поединечно, потребно е:

1. Да се отвори самата дозвола со двапати кликнување на истата;
2. Да се провери дали се појавува полето View licence / Погледни дозвола и
3. Да се отвори полето, каде што се прикажува QR кодот на ЕКМТ дозволата.

QR кодот е фиксен и непроменлив за секоја ЕКМТ дозвола и може да се испечати и да му се предаде на возачот или да му се прати во електронска форма (.jpg или .pdf формат) за користење при меѓународен превоз.

Во рамки на QR кодот се содржани следните податоци:
• податоци за трговското друштво (превозникот),
• седиште на трговското друштво,
• период на валидност на ЕКМТ дозволата,
• категорија на дозволата,
• територијални ограничувања.

Навремено направете проверка на внесените податоци во дозволите во системот и доколку има одредени грешки реагирајте во Министерство за транспорт.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност