Измена на Уредба за распределба и дистрибуција на меѓународни транспортни дозволи
Почитувани членки,
Во Службен весник број 220 од 21.09.2026 година излезе Измена на Уредба за распределба и дистрибуција на меѓународни транспортни дозволи.
Пречистен текст од Уредба за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока е прикачен на нашата веб страна во делот Национални закони -> Министерство за транспорт -> Закон за превоз во патниот сообраќај -> Пречистен текст на уредбата за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока - со последна измена Сл.весник 220/26.
Во наредните денови ќе објавиме термини за онлајн состанок на кој преку презентација ќе Ве информираме за измените на Уредбата.
За дополнителни информации може да ја посетите канцеларијата на асоцијацијата во Скопје и Битола или да не контактирате на 070 695 216, 072 312 001, 072 312 101 и 077 817 463.
Ваш Макам-транс