Skip to main content Skip to footer

Информација за прекин на протест

Почитувани, 

Им благодариме на сите кои неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

Вашето заедништво и истрајност дадоа резултати, согласно официјалното известување од министерот за транспорт г-дин Александар Николоски, Европска комисија донесе одлука да донесе нова стратегија за Визи која ќе значи решавање на проблемот со кои се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена.

Бидејќи е добиена потврдата која ја очекувавме за промени Ве информираме дека протестот кој беше организиран од страна на Асоцијација Макам-транс на граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење ќе биде ПРЕКИНАТ од вечерва, 29.01.2026 година од 20:00 часот за влез и излез од државата.

Особено сме благодарни до сите медиски куќи, портали кои нашата борба ја направија видлива за цела Европа.

Заедно сме посилни! 

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност