Skip to main content Skip to footer

Информација за поврат на средства за набавени возила 2004-2016 година

Почитувани членки,

Ве информираме за позитивно решени случаи (вратени парични средства) на Ваши колеги кои ги следеа насоките на Асоцијација Макам-транс и навремено поднесоа комплетна документација со која преку адвокат поднесоа тужба за поврат на средства поради монополско здружување на производителите на товарни моторни возила (ТМВ).

Како потсетување се работи за објава на нашата веб страна за возила купени од 2004 до 2016 година во нето вредност (без данок) над 35.000 евра, ТМВ од марката на Volvo, Daf, Man, Scania, Daimler (Mercedes), Renault, Iveco и правото за поднесување на тужба со право на поврат на средства поради монополско здружување „Truck Cartels" на производителите на ТМВ и остварување огромни профити со анулирање на било каква конкурентност меѓу нив.

На секој од Вас кој навремено има поднесено тужба преку адвокат, на мејл ќе ви стигне известување дека судот одредил позитивна пресуда во Ваша корист за што е потребно да се изјасните дали постапката за наплата на одредениот износ ќе продолжи преку истиот адвокат кој го води предметот или ќе ангажирате друго лице. За исплата ќе Ви побараат да испратите податоци од вашата трансакциска сметка на која сакате да бидат вратени средствата.

Долгогодишната пракса на асоцијацијата е да Ве информира навреме, да апелира до сите Вас да не се откажувате ако правдата е на Ваша страна. Периодот за решавање на одредени спорови може да е долга, но секогаш е достапна до сите кои ги послушале нашите совети.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност