Информација од нашата ВИП членка TIMOCOM
Почитувани членки,
Ви споделуваме информација од нашата ВИП членка TIMOCOM која се однесува на TIMOCOM Marketplace 💻.
„Кој сè може да ја користи TIMOCOM Marketplace?
TIMOCOM Marketplace е една од најголемите европски логистички берзи за транспортни услуги, која им овозможува на компаниите брзо и ефикасно да ги поврзат понудите со товари и слободни возила низ Европа. Оваа дигитална транспортна берза е наменета исклучиво за деловни субјекти, при што сите корисници поминуваат низ задолжителни проверки пред пристап до платформата.
Право на пристап имаат фирми кои се занимаваат со патен транспорт, логистички услуги, шпедиција, но и компании од областа на производство, трговија, складирање и сродни деловни области кои сакаат да ја оптимизираат својата логистика и ефикасно да најдат превоз за својата стока. Приватни лица, како поединци без регистрирано деловно работење, не можат да добијат пристап, ниту да ја користат платформата, бидејќи таа е дизајнирана за деловни процеси во рамките на пазарните потреби.
Накратко, пристап до TIMOCOM Road Freight Marketplace можат да добијат, меѓу другите:
- Транспортни претпријатија,
- Курирски и експресни доставни служби,
- Компании од областа на организација на транспорт – шпедиции,
- Трговски претпријатија,
- Производствени фирми,
- Компании чиј бизнис се однесува на управување со складишта.
Во основа, ако компанијата учествува во логистичкиот ланец или има потреба од транспортни услуги, може да се регистрира за пристап до TIMOCOM Marketplace.
За дополнителни информации контактирајте ја нашата членка на следните телефонски броеви:
☎️ +49 211 88 26 88 26 и +49 211 88 26 14 00 или на
📩 мејл: info.mk@timocom.com
Ваш Макам-транс