Skip to main content Skip to footer

Информација од нашата ВИП членка Affinity Balkans - промени во попустите за патарина во Хрватска кои важат од 01.07.2025

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка Affinity Balkans ни сподели информација која се однесува за промени во попустите за патарина во Хрватска кои важат од 01.07.2025 година.

Во прилог целосната информација:

„Почитувани,

Би сакале да ве известиме за промените во попустите за патарина  во Хрватска(HAC) кои стапуваат на сила од 01.07.2025 година, а се однесуваат на лесни и на тешки возила. Овие промени се во согласност со одлуката донесена од Hrvatske Autoceste d.o.o. и се во согласност со упатствата утврдени од Хрватското Министерство за поморски и копнен транспорт и инфраструктура.

Ажурираните попусти се следниве:

Лесни возила:

• Попустот ќе се зголеми од 13,04% на 21,74%.

Тешки возила:

• EURO III: Попустот ќе се намали од 30,43% на 21,74%.

• EURO IV: Попустот ќе се намали од 33,43% на 21,74%.

• EURO V и EEV: Попустот ќе се намали од 35,43% на 24,74%.

• EURO VI: Попустот ќе се намали од 42,43% на 28,74%.

Овие промени автоматски ќе бидат имплементирани  на вашата DKV фактура.

Со почит,

Тимот на АФФИНИТИ БАЛКАНС“

За сите подетални информации може да ги контактирате на:

Tel: 078 324 185, 078 324 793

Web: https://www.affinity-ts.com/mk/

Mail: affinity.mk@delamode-group.com

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност