Информација од Магна Шпед - отсега со DKV картичките за гориво и на пумпите на ДЕТОИЛ во Македонија
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка Магна Шпед ни сподели информација за проширување на својата мрежа на бензински пумпи во Македонија.
Во прилог целосната информација:
„Како официјален застапник, задоволство ни е да ве известиме дека DKV Mobility ја проширува својата мрежа на бензински пумпи во Македонија!
Покрај постоечката мрежа на МАКПЕТРОЛ и ЛУКОИЛ, отсега DKV картичката е прифатена на сите бензиски станици на ДЕТОИЛ во Македонија.
Уживајте во специјалните погодности кои ги подготвивме за вас на бензиските станици на ДЕТОИЛ.
Магнашпед, како официјален застапник на DKV Mobility, ви ја нуди комплетна палета на DKV услуги без додатни провизиски трошоци:
- картички за гориво и безготовинско плаќање,
- BOX-ови за патарини,
- поврат на данок и нето фактурирање,
- и уште многу други услуги.“
За сите подетални информации може да ги контактирате на:
📞 +389 75 356 258
Ваш Макам-транс