Грција - нови правила
Почитувани членки,
Ве информираме дека од 18 јуни 2026 година сите возила кои влегуваат во Грција мора да носат нов, пообемен комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници.
Сопствениците или возачите на возилата поради посебните услови за одржување имаат одговорност да ја проверуваат валидноста на секој предмет во кутијата и навремено да ги обновуваат особено во летниот период.
Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со (CE) во согласност со Регулативата на ЕУ за медицински помагала.
Доколку при контрола се констатира дека не се поседува потребниот комплет за прва помош следува парична казна во износ од 30 евра.
Ваш Макам-транс