Skip to main content Skip to footer

Функционални модули достапни на веб страната на асоцијацијата

Почитувани членки,

На нашата веб страна се достапни четири модули, создадени со цел да ви ја олеснат секојдневната работа и да ви обезбедат практични информации и поддршка.

Модул 1 – Пријави мито и корупција

Овој модул овозможува секој корисник анонимно да пријави случаи на мито, корупција или други незаконски дејствија со кои се соочил на граничните премини и транспортните коридори, како во државата, така и надвор од нејзините граници. Целта е заеднички да придонесеме кон поголема транспарентност и посигурно работење во транспортниот сектор.

Модул 2 – Пријави мигранти

Преку овој модул може да пријавите забележано присуство на мигранти долж транспортните коридори. Товарните моторни возила често се цел на обиди за нелегално преминување на граничните премини, што може да предизвика значителни материјални штети и правни последици за превозниците. Со навремено пријавување придонесувате за поголема безбедност и поефикасно спречување на ваквите појави.

Модул 3 – Мапа за горива и враќање на ДДВ по држави

Во овој модул е достапна анализа на потрошувачката на гориво и цени, како и информации за можностите за враќање на ДДВ по држави. Анализата е изработена со цел да им помогне на превозниците да ги оптимизираат трошоците при организирање на меѓународен превоз и да остварат поголеми заштеди во своето работење.

Модул 4 – Примери за позитивно решени случаи

Овој модул содржи примери за успешно решени случаи, поделени во две категории – случаи од Македонија и случаи во странство. Преку судска пракса и искуствата на други превозници, корисниците можат да проверат дали постои случај сличен на нивниот, да се информираат како било постапено и кои документи и докази биле потребни за успешно оспорување на неправедно изречени глоби.

Искористете ги можностите што ви се достапни и искористете ги алатките на нашата веб страна за поефикасно организирање на работата, полесен пристап до корисни информации и поголема сигурност при вршење на дејност - превоз во патниот сообраќај.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност