Skip to main content Skip to footer

Е-Box Logistic – TAG уредот задолжителен за сите ТМВ во Србија

Почитувани членки,

нашата ВИП членка Е-Box Logistic ни сподели информација која се однесува за задолжителна употреба на ТАГ уреди за сите возила од IV категорија – товарни моторни возила во Србија од 01.04.2026 година.

Оваа мерка е воведена со цел зголемување на протокот на сообраќајот, намалување на времето за задржувањето на наплатните станици и унапредување на безбедноста и ефикасноста на системот за електронска наплата на патарина (ЕНП), како и воведување на наплата на патарина на патишта од понизок ред за товарни моторни возила.

Новиот систем ќе функционира без наплатни станици, а ќе се користат истите ТАГ уреди кои веќе се во употреба.

Целосната ннформација може да ја погледнете со кликнување ТУКА.

За сите подетални информации во врска со нивните производи и услуги, контактирајте ги на:

Mail: risto@e-boxlogistic.net

Tel: +389 70 352 802

Web: https://e-boxlogistic.net/mk/

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност