Брисел - одржан состанок на тема за ограничен престој на возачи во Шенген Зоната
Почитувани членки,
На 24 април 2025 година во претставништвото на Европската комисија во Брисел се одржа состанок на тема „Ограничување на периодот на престој на државјани на трети земји на територија на Шенген зоната - влијание врз професионалните возачи на товарни моторни возила и последиците кои ќе настанат“ на кој присуствуваа претставници од нашето Министерство за транспорт и на другите држави кои не се членки на ЕУ, но присутни беа и преставници на превозниците од регионот кои во име на сите Нас ги презентираа проблемите со кои се соочуваме при вршење на превоз.
Состанокот е организиран согласно континуираниот притисок кој се спроведуваше од страна на превозниците преку нивните асоцијации и здруженија од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, но и поради здружена активност и од страна на надлежните органи за транспорт во сите овие држави.
г-дин Александар Спасиќ, во име на транспортните оператори од Западен Балкан, го презентираше влијанието и очекуваните последици од примената на правилото за ограничен период на престој врз возачите, превозните компании, економијата и граѓаните во рамките на шенген зоната.
Презентација – кликни ТУКА за преземање
Информација за одржаниот состанок и донесените заклучоци јасно се дефинирани во допис доставен од страна на Постојаната мисија на Р.С.Македонија при ЕУ во Брисел.
Допис – кликни ТУКА за преземање
Ваш Макам-транс