Билатерална средба на македонско - турска мешовита комисија за патен превоз
Почитувани членки,
Денес 09 јуни 2026 година во Скопје, по 11 години се одржа билатерална средба на македонско-турска мешовита комисија за патен превоз. Асоцијација Макам-транс во македонската делегација имаше свој претставник г-ѓа Сања Милошевска со што се даде придонес во однос на преговорите и постигнатите резултати.
На состанокот беше потпишан нов протокол за патен превоз, кој предвидува зголемување на квотите за дозволи за меѓународен превоз на стока и тоа:
- За превоз за и од трета земја од 1.300 се зголемува на 1.500 дозволи;
- Билатерална за празен влез од 3.150 се зголемува на 3.500 дозволи;
За тековната 2026 година обезбедена е дополнителна квота на дозволи за меѓународен превоз на стока.
Одржаната билатерална средба овозможи после долги години размена на информации, усогласување на лица за контакт и дадена можност во иднина да може да се реагира пред надлежни органи во случај кога има неправилна примена на законските одредби без разлика дали прекршокот е утврден на територија на Турција или на територија на Македонија, се со цел да се подобрат условите за вршење на превоз на стока меѓу двете држави.
Галерија од слики од билатералната средба на македонско-турска мешовита комисија може да погледнете на нашата веб страна во делот Галерии – Билатерални средби.
Ваш Макам-транс