Skip to main content Skip to footer

Промоција на смер возач на моторно возило – отворен ден во АСУЦ „Боро Петрушевски“

Почитувани членки,

Денес на 20.04.2026 година, претставници на Асоцијација Макам-транс учествуваа на манифестација која секоја година ја организира средното техничко училиште АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје, со цел до учениците да ги доближи активностите кои би се извршувале по завршување на нивното образование преку штандови на голем број стопанственици.

И оваа година со промоција на смер „возач на моторно возило“ како Асоцијација Ве претставуваме Вас и укажуваме на потребата од стручен кадар кој ќе ги управува вашите возила, ќе има познавање од странски јазик и стручна материја која е битна за вршење пред се на меѓународен превоз, со што и превозното друштво ќе биде претставено во позитивна смисла. Младите лица (мажи и жени) ќе имаат можност за едукација и поголемо вреднување на работното место возач на моторно возило.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност