Апликација за месечни ЕКМТ дозволи 2026 година
Почитувани членки,
Ве информираме дека Министерство за транспорт во мај 2026 година ќе започне со издавање на месечни ЕКМТ дозволи. Полето за апликација на овие дозволи ќе биде активно на веб страната https://pristappgoods.mtc.gov.mk каде секој превозник се најавува со своето корисничко име и лозинка.
По направена апликација во делот Аплицирање за дозволи – Барање за издавање на месечна екмт дозвола треба да се следи, доколку се исполнува услов и аплицираната месечна екмт дозвола е одобрена потребно е во оригинал уплатена (реализирана) уплатница ПП50 на износ од 500,00 денари административна такса по дозвола да се достави до одговорното лице (контакт 02 3145-898) во Министерство за транспорт, и истата ќе биде електронски внесена во ECMT Digital System (EDS).
Напомена: при секоја апликација во полето забелешки задолжително треба да се внесе дата од кога треба да биде со важност месечната екмт дозвола за која се аплицира.
Ваш Макам-транс