Skip to main content Skip to footer

АМСМ - обуки за АДР и професионална компетентност за управител

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка АМСМ ни сподели информација за обуките што ги спроведува АМСМ Центар за возила.

Во прилог целосната информација:

Обука - професионална компетентност за управители

Обуката за управители е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со сертификат за професионална компетентност за вршење патен превоз. Програмата ги опфаќа клучните знаења потребни за современо и одговорно управување со транспортна дејност.

Стручната обука опфаќа тематски единици од областа на финансиите, професионалните компетенции, условите за работење, основите на менаџментот, сообраќајните регулативи, договорите и протоколите во патниот превоз, маркетингот и нормите за социјална заштита на вработените.

Обуката се спроведува во АМСМ Центар за возила, од страна на стручно оспособени предавачи и согласно однапред одобрена програма.

По завршувањето на обуката се издава Потврда за спроведена обука, која е услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерство за транспорт.

Потребен документ за пријавување:

- Лична карта

Обука за АДР советници

Превозот на опасни материи бара високо ниво на стручност, познавање на прописите и правилно постапување во сите фази на транспортот. Опасните материи можат да претставуваат ризик за животот и здравјето на луѓето, материјалните добра и животната средина при пакување, натовар, транспорт, претовар, истовар и користење.

Поради тоа е неопходно стручно оспособување на лицата кои учествуваат во организацијата и реализацијата на превозот на опасни материи. Обуката овозможува запознавање со карактеристиките на опасните материи, правилата за нивен безбеден транспорт и мерките што треба да се преземат за спречување инциденти и ограничување на последиците доколку до нив дојде.

Обуката ја спроведуваат стручно оспособени предавачи од АМСМ Центар за возила. По завршувањето се издава Потврда за спроведена обука, која е услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерство за транспорт.

Потребни документи за обука и пријава на стручен испит:

- Лична карта

- Возачка дозвола (македонска)

Обука за АДР возачи

Возачите кои превезуваат опасни материи мора да поседуваат АДР сертификат. За стекнување со сертификатот е потребно организирано и стручно оспособување за безбедно ракување и транспорт на опасни материи.

Обуката е насочена кон запознавање со карактеристиките на различните опасни материи, ризиците поврзани со нивниот превоз, правилното постапување при натовар, претовар и истовар, како и мерките за заштита во случај на инцидент. Целта е можноста за несреќни случаи да се сведе на минимум, а последиците од евентуален инцидент да се ограничат.

Обуката ја спроведуваат стручно оспособени и професионални предавачи од АМСМ Центар за возила. За завршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која е услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерство за транспорт.

Потребни документи за пријавување за обука и стручен испит:

- Лична карта

- Возачка дозвола (македонска)

За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните лица може да се обратат во АМСМ Центар за возила.“

Контакт лице: Давид Тренчевски

Контакт телефон: 072/228-196

Контакт е-пошта: obuki@amsm.com.mk, dtrencevski@amsm.com.mk

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност