Skip to main content Skip to footer

Aктивности нa Асоцијација Макам-транс до 2025 година

Почитувани членки,

Основната активност на Асоцијација Макам-транс е подобрување на економската и социјалната положба на своето членство. Сите реализирани активности до 2025 година се насочени кон создавање подобри услови за работа и заштита на интересите на превозниците.

Во текот на изминатите години, асоцијацијата активно соработува со надлежните институции, со цел усогласување на регулативите и решавање на предизвиците со кои се соочуваат превозниците. Беа поднесени повеќе иницијативи и предлози за подобрување на законите во областа на превоз на стока.

Периодот по 2020 година беше исполнет со предизвици кои беа поврзани со справување со кризите, вклучително и пандемијата, кога асоцијацијата имаше важна улога во информирањето и поддршката на своите членки за непречено одвивање на дејноста – превоз на стока.

Активностите преку слики може да ги погледнете на нашата веб страна во делот Асоцијација -> Активности на Макам-транс преку слики.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност