Информација од нашата ВИП членка Affinity Balkans - Белгија наплата на патарини врз основа на CO₂ (Фламански регион)
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка Affinity Balkans ни сподели информација за Белгија која се однесува за наплата на патарини врз основа на CO₂.
Во прилог целосната информација:
„Европската Унија постави цел да ги намали емисиите на CO₂ во патниот транспорт за 30% до 2030 година (во споредба со 2005 година). Поради оваа причина, тарифната класификација за патарини се проширува со воведување на CO₂ класа.
Почнувајќи од 1 јули 2026 година (привремено), патарините во Фламанскиот регион на Белгија ќе се пресметуваат врз основа на CO₂ класата на вашето возило. Оваа регулатива се однесува на сите возила со максимално дозволена маса поголема од 3,5 тони, кои за првпат се регистрирани на или по 1 јули 2019 година.
Клиентите кои користат DKV BOX Europe и веќе имаат прикачено придружна документација за друга услуга за патарина на DKV Cockpit, не треба повторно да ги доставуваат овие документи.
DKV Mobility ви помага при утврдувањето на CO₂ класата на вашето возило. Проверката на CO₂ класата (CO₂ Class Check) ја одредува точната CO₂ класа врз основа на податоците за вашето возило (како што се наведени во Сертификатот за сообразност и сообраќајната дозвола).
Проверка на класата на вашето возило може да ја направите со кликнување на следниот линк
CO2 Emissionsklasse für LKW berechnen- mit dem DKV Mobility CO2 Class Check
За сите подетални информации може да ги контактирате на
📞078 324 185“
Ваш Макам-транс