Проверка на важност на сертификати за возачи пред ЕКМТ апликација
19 August, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Како и секоја година пред претстојната апликација за ЕКМТ дозволи која е во периодот од 13-15 Октомври, потребно е да се направи проверка на внесените податоци за вашето трговско друштво во базата на превозници што се води во Министерство за транспорт и врски (личен картон на превозникот), а проверката се однесува на: возила, возачи, финансиски податоци и искористеност на ЕКМТ дозволите кај оние превозници кои ги добиле со годишната распределба.
Возачите мора да имаат валиден сертификат за професионална компетентност за вршење меѓународен превоз. Секој возач за да го обнови сертификатот треба да помине периодична обука и да полага испит. После положен испит се поднесува барање за изработка на нов сертификат во министерство за транспорт и врски, а доколку возачот веќе има валиден сертификат при поднесување на барање за изработка на нов сертификат поднесува копија од стариот сертификат за возач со цел новиот сертификат да биде изработен со дата наредниот ден од истекот на дата на стариот сертификат.
Новите/обновените сертификати на возачите по подигнување од министерство за транспорт и врски со допис и копија од сертификатите треба да бидат пријавени и ажурирани во личниот картон на вашето трговско друштво.
Проверете ги сертификатите на Вашите возачи и доколку имате возачи кои треба да ги обноват своите сертификати, тоа може да го направите во следните термини за испит во месец Септември:
-01.09.2022 година
-15.09.2022 година и
-28.09.2022 година
Пријавете ги вашите возачи за испит на e-mail на Асоцијација Макам-транс info@makamtrans.org.mk или на e-mail на Асоцијација Превозник Скопје prevoznik.mk@gmail.com, како и на телефонските броеви: 078 399 019 / 070 695 216, 078 392 020, 077 817 463 и 02 2551 057.
Искористете ја можноста што ви ја дава „Макам-транс” во соработка со Асоцијација „Превозник” и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи. Покрај обуката ќе добиете и прирачник со практичен приказ на сите суштествени прописи кои се помош при вршење на превоз на стока и патници.
Ваш Макам-транс