Пресуда во корист на превозник во спор со Државен инспекторат за транспорт
07 September, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Со задоволство сакаме да Ве информираме дека наша членка денес доби ослободителна пресуда во спор со Државен инспекторат за транспорт.
Поднесениот прекршок против превозникот од Државен инспекторат за транспорт е во врска со наводно неправилности кои ги утврдил инспекторот во однос на вработеното лице, спротивно на член 6 став 4 од Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.
Превозникот побара стручна помош од „Макам-транс“ при што се поминаа сите чекори кои ги предвидува законот и со посредство на адвокат со кој соработува „Макам-транс“ успеавме да добиеме ослободителна пресуда.
Асоцијацијата „Макам-транс“ и стручниот тим кој постојано работи за вас и во ваш интерес ви стои на располагање за изработка на мислења, тужби, жалби и слични документи кои ќе доведат до задоволување на правдата. Секој од овие предмети задолжително мора да бидат поткрепени со соодветни докази.
Почитувани членки, Ви препорачуваме во случаи во кои сте во целост исправни, а сепак ви се изработува прекршочна пријава да бидете ХРАБРИ и да се борите за остварување на вашите права кои ви ги даваат националните и мултинационалните прописи.
Ваш Макам-транс