Официјално доделување на сертификати за референт за логистика
18 March, 2023
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Во текот на вчерашниот ден, 17 Март 2023 година, се одржа официјално доделување на сертификати за референт за логистика на петтата група кандидати.
Асоцијација Макам-транс како верификувана институција за образование на возрасни од страна на Министерство за образование и наука во изминатиот период организираше тримесечна обука за референт за логистика, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните, при што нови 22 кандидати се стекнаа со сертификат: Референт за логистика, звање кое е од исклучителна важност за напредокот на сите превозни трговски друштва.
Сите кандидати се стекнаа со основни познавања од областа превоз на стока во патниот сообраќај што ќе им помогне во натамошното градење на своите кариери.
Им честитаме на сите кандидати и се надеваме дека и понатаму ќе ги надградуваат своите знаења од областа.
Слики од настанот може да погледнете на следниот линк https://www.facebook.com/media/set/?set=a.676674374458340&type=3
Ваш Макам-транс